Четири милиони луѓе во Индија, од североисточната држава Асам би можеле да останат без државјанство.

Националниот регистар на граѓани во Индија објави попис на луѓе кои можат да докажат дека во Асам дошле пред 24 март 1971 година односно пред Бангладеш да прогласи независност.

Индиските власти наведуваат дека целта им е да ги отстранат илегалните мигранти од Бангладеш, но бидејќи стравуваат од насилство, нема да има итна депортација.

Стотици илјади луѓе побегнаа во Индија откако Бангладеш се отцепи од Пакистан и стана независна држава, а голем број од нив се населија во Асам, што денеска брои повеќе од 30 милиони жители.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2018 13:50