Гробница стара 5.000 години е пронајдена во подрачјето Караганди во Казахстан, а во него се најдените телата на древни „Ромео и Јулија", објави „Дејли Меил“.
Во непосредна близина на љубовната двојка закопани се и два коња, коишто се смета дека биле жртвувани, велат археолозите.
Покрај свитканото машко тело има метален меч и врв од стрела, а веднаш до него се наоѓа и женски скелет, во истата положба, со зелена нараквица украсена со скапоцени камења и друг вид накит. Археологот Игор Кукушкин рече дека постојат некои нејаснотии во поглед на односот, но и смртта на двојката... Нема одговор околу тоа дали биле сопружници, или љубовници, но во секој случај сакале да останат засекогаш заедно.
Досегашните истражувања покажуваат дека кај луѓето нема траги од насилна смрт, но јасно е дека коњите се убиени.