Еритреја и Сомалија се договорија за обнова на дипломатските односи, соопшти еритрејското Министерство за информации. Договорот бил потпишан во еритрејскиот главен град Асмара од претседателот на Сомалија, Мохамед Абдулахи Мохамед и на Еритреја, Исајас Афеверки. Засега нема потврда од сомалиска страна дека потпишале договор на највисоко ниво.
Еритреја и Сомалија ги прекинаа диполоматските односи пред речиси 15 години.
Еритреја е под санкции на ОН заради поддршка за сомалистичката екстремистичка група Ал Шабаб. Еритреја негира дека дава таква поддршка.
Владата во Могадишу како и генералниот секретар на ОН дадоа знак дека санкциите може да бидат укинати.
Еритреја се отцепи од Етиопија во 1993 година по 30-годишна граѓанска војна. По објавувањето независност следеше територијален спор за границата што прерасна во оружени судири во кои од 1998 до 2000 година загинаа околу 80.000 луѓе.