По одлуката на САД да го намалат обемот на финансирање за Палестинците преку ОН, агенцијата на ОН за помош и работни места за палестински бегалци (УНВРА) ја намали и бројноста вработените во Појасот Газа.
- Од 13.000 вработени во УНРВА, намалувањата на персоналот ќе засегнат околу 1.000 луѓе кои се одговорни за хуманитарна помош, изјави денеска директорот на УНРВА, Матијас Шмале.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја намали помошта за УНВРА поради тензиите меѓу неговата администрација и палестинското раководство откако во декември го призна Ерусалим за главен град на Израел .
- САД обезбедуваа 365 милиони долари за хуманитарна помош и проекти минатата година, рече Шмале. Вашингтон досега обезбеди само 60 милиони долари.
УНРВА обезбедува помош за околу еден милион луѓе со помош во храна, има 275 училишта и 22 здравствени центри.