Сириската армија денеска избила на Голанската Висорамнина, стратегиски важното подрачје на границата меѓу Сирија и Израел.

Оваа територија изминатите седум години беше во рацете на исламистички групи, но по шестнеделна офанзива, Сиријците ги потиснале од Висорамнината.

Се очекува новиот развој на настаните да ги зголеми тензиите меѓу Сирија и Израел, чија Влада повеќе пати посочи дека нема да дозволи вооружени сили поврзани со Иран да се доближат до израелската граница. Покрај Русија, Иран е водечки воен поддржувач на сириската армија лојална на Башар ал Асад.

Голанската Висорамнина е дел од Сирија, но е под израелска окупација од Шестдневната војна во 1967 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2018 09:51