Советот за безбедност на Обединетите нации побара да се одложи планираното намалување на мировните сили во Сомалија, поради недоволната подготвеност на сомалиските сили за гарантирање на мирот и стабилноста.

Во мисијата на ОН се распоредени околу 20.000 војници, а предвидено беше до крајот на октомври од завојуваната држава да се повлечат 1.000 војници.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш упати писмо до Советот за безбедност во кое наведува дека плановите за намалување на мировниот контингент не се реални и може да ја влошат безбедносната состојба, особено по големиот терористички напад минатиот октомври во кој во главниот град Могадишу со камион бомба беа убиени над 500 лица.

Советот за безбедност воедно реши да го продолжи мандатот на мировната мисија до крајот на мај 2019 година.

Мисијата беше испратена во 2007 година, а главна цел и е да се бори против исламистичките групи во Сомалија.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2018 10:01