Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната подготвителна седница донесе одлука за измени на Правилникот за начин и услови за регулирање тарифи за пренос, управување со системот за пренос и дистрибуција на природен гас.

Со измените, како што изјави за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, се овозможува во периодот од 1 август до 15 октомври годинава, односно до почетокот на грејната сезона, цената за пренос на гас за ТЕ-ТО, КОГЕЛ и Елем енергетика да биде пониска до 50 проценти од реалната.

Тоа, како што кажа, се нуди заради значително намалената потрошувачка на гас во овој период од годината.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2018 13:27