Американскиот новинар Боб Вудвард кој се прослави како еден од разоткривачите на аферата „Вотергејт“, поради која тогашниот американски претседател Ричард Никсон поднесе оставка во 1974 година, подготвува книга во која ги анализира методите на управување на актуелниот претсефател на САД, Доналд Трамп.

Како што соопшти издавачот „Сајнон и Шустер“, книгата „Страв: Трамп во Белата куќа“, што треба да се појави во продажба на 11 септември, открива „детали без преседан за мачниот живот во Белата куќа во времето на Трамп и за начините на кои претседателот носи одлуки за особено важни прашања од надворешната и внатрешната политика“.

Боб Вудвард и неговиот колега Карл Бернстеин со кого заедно работеа во „Вашингтон Пост“, станаа симболи на истражувачкото новинарство откако ја разоткрија аферата на прислушување на просториите на опозициската Демокартска партија сместени во кулата „Вотергејт“, по која и аферата го доби своето име.

Разоткривањето на скандалот го принуди тогашниот американски претседател Никсон да поднесе оставка во август 1974, речиси две и пол години пред истекот на неговиот втор претседателски мандат.

Новата книга на 75-годипниот Вудвард е последна во серијата дела псоветени на начините на владеење на неколкумина американски претседатели.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2018 15:06