Австралиец со албанско потекло од австралиската сојузна држава Квинсленд, е осуден на 17 години затвор порадо планирање самоубиствен напад на територијата на Австралија.
Осудениот 25-годишен Агим Крузеи беше уапсен во антитерористичка акција во местото Логан во април 2016 година, по што се изјасни за виновен по обвинението за подготовка на терористички напад и подготовка на упад во странска држава.
Обвинителот Линколн Кроули пред Судот изјави дека Круези планирал „да убие невини луѓе на јавен простор и на крајот да умре како маченик во тој напад“.
- Круези покажа поддршка за мачеништвото, бидејќи верува дека мачениците автоматски одат во рајот и дека и тој таму ќе одел набрзо, изјави Кроули.
При апсењето на Круези, во неговиот дом беа пронајдени полуавтоматско оружје, муниција, примерок од книгата "Џихад" и знамето на групата Исламска држава..
Неколку дена пред неговото апсење, Круези набавил 10-литарска метална канта и стаклени шишиња со цел да изработи молотови коктели. Во неговиот компјутер биле пронајдени и видеа на кои се гледа како пука во макета од стиропор, како и упатства како се сечат глави.
Кога сакал да замине да војува за Сирија австралиските власти му го одзеле пасошот.
Судијката Рослин Аткинсон изјави дека не е убедена оти Круези немал екстремни ставови. - Нема докази дека сте ги смениле ставовите. Не гледам никакви докази дека се каете, нагласи судијката.
Во моментот кога се оддалечувал од судската сала со лисици на рацете неговите роднини,ивзикувале: „Многу набрзо ќе се видиме. Те сакаме“.
Круези може да биде условно ослободен по издржување на 13 години од затворската казна.