Во Германија денеска е регистран најтопол ден во 2018 година со температура од 39,2 степена Целзиусови во градот Бернбург. Тоа е највисока температура откако се мерат температури во Саксонија-Анхалт и е измерена во 14:30 по локално време, соопшти германскиот Метеоролошки завод.

Се очекува температурите утре да бидат повисоки поради тоа што Европа е под влијание на топлотен бран. Можно е да биде „урнат“ рекордот од 40,3 степени Целзиусови, измерен во 2015 година во Китцингтен во јужната држава Баварија.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2018 17:23