Европската унија објави инвестициски проект вреден 700 милиони евра за поддршка на малите и средни претпријатија во Грција и Шпанија, соопшти прес-службата на Европската комисија.
„Европската инвестициска банка потпиша два договора за финансирање на мали и средни претпријатија во Грција и Шпанија за вкупно 700 милиони евра. Овие проекти добија и поддршката на Европскиот фонд за стратешки инвестиции", се наведува во документот.
Според зборовите на заменикот-претседател на ЕК и комесар за работните места, растот, инвестициите и конкурентноста Јурки Катаинен, благодарение на овие проекти, до 700 000 мали и средни претпријатија во Јужна Европа можат да добијат кредитирање.