Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да воведе царини од 25 проценти на кинески производи, чија трговија годишно изнесува околу 200 милијарди долари, јавуваат американските медиуми.

Според најавите, Трамп првично планирал царина од 10 проценти, но Администрацијата сега размислува за значително повисоки давачки.

Се очекува царината да се однесува на прехранбени продукти, мебел, хемикалии, алуминиум и други производи, а можно е да биде официјално најавена уште денеска.

САД веќе воведоа цараини од 25 и 10 проценти на увозот на челик и алуминиум, на што Кина одговори со царинење на голем број американски производи, пред се зрнести храни.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2018 09:59