Една жена загина, а стотици куќи и стопански објекти се поплавени, по силните дождови што ја зафатија североисточна Романија.

Спасувачките екипи морале да испумпуваат вода од голем број куќи, а некои места морале да бидат евакуирани.

Жртвата е 71-годишна старица која била однесена од надојдената вода.

Граѓаните се предупредуваат да не се приближуваат до речните брегови и да не се обидуваат да преминат преку реките и потоците.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2018 11:27