Американски федерален суд од Сиетл привремено го забрани споделувањето на нацрти за изработка на оружје од 3Д печатачи, откако во САД се прошири страв дека тие ќе можат слободно да се користат за изработка на оружје.

Прашањето го покрена компанијата „Дифенсе Дистрибјутед“ од Тексас, која од 2013 година споделува нацрти со кои секој граѓанин што има 3Д принтер лесно може да ги произведе компонентите за да направи едноставен пиштол.

Компанијата беше тужена од страна на американскиот Стејт департмент поради кршење на законот за меѓународна трговија со оружје, но го доби спорот на почетокот на минатиот месец, со што од овој месец веќе можеше да почне со слободна дистирбуција на нацртот за ова и други оружја.

Но, со одлуката на Судот во Сиетл, оваа компанија уште одредено време ќе мора да се воздржи од објавувањето на нацртите.

И американскиот претседател Доналд Трамп реагираше, велејќи дека изработката на пластични пиштоли со 3Д печатачи „нема логика“.

Се стравуваше дека ваквите оружја може да бидат лесно преносливи на аеродроми, опасни за корисниците и да придонесат кон уште поголемо ширење на достапноста до огнените оружја во САД.

Компанијата го брани своето право да го достави нацртот до граѓаните повикувајќи се првиот и вториот Амандман на Уставот на САД, кои гарантираат слобода на изразување и право на поседување на оружје.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2018 11:29