Сенатот синоќа ги достави стенограмите од сведочењето на Марија Бутина до Обвинителството и нејзината одбрана, кое таа го даде пред сенатска комисија за разузнавање зад затворени врати неколку месеци пред нејзиниото апсење.

Бутина, активистка од Русија, која себе се претставува како член на организацијата „Права за оружје“, беше уасена од ФБИ на 16 јули во Вашингтон. Според истрагата, таа лобирала во полза на организација на средби помеѓу претседателите на Русија и САД и се обидувала да влијае на клучни донатори на Републиканската партија и на видни членови од Националната асоцијација за оружје (НРА) за да ги унапреди руските државни интереси во САД.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Обвинителството ја товари Бутина дека работела како странски агент и својот статус не го пријавила според ФАРА, американски закон донесен во 1938 година, според кој агентите кои претставуваат туѓи сили во „политички или квази-политички капацитет“ треба да пријават дека работат за странски влади и да доставуват информации за своите активности и парични примања.

Пред апсењето во јули, Русинката сведочела околу осум часа пред сенатската комисија и доставила на увид околу илјада документи за нејзиниите активности во САД и во Русија.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2018 16:13