Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман нареди да се стопира испораката на нафта и природен гас за Појасот Газа поради запаливите балони кои пристигнуваат од палестинската територија.

- Израел ќе ја прекине испораката на гориво поради континуираниот терор со запаливи балони и создавање тензии на границата, истакна Либерман.

Тој додаде дека уште од денеска ќе се применува одлуката.

Слична привремена мерка Израел донесе во јули поради слични причини.

Запаливи балони и змаеви предизвикаа пожари во јужниот дел на Израел, при што е уништено земјоделско земјиште и шуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2018 18:28