Југоисточните азиски народи и Кина направија пресврт во разговорите за кодексот на однесување (ЦОЦ) во Јужно Кинеско Море со работен текст кој ќе биде основа за идните преговори, изјави денеска сингапурската министерка за надворешни работи Вивијан Балакришнан.
- Мило ми е што можам да објавам дека е направен пресврт во процесот на изработка на Кодексот на однесување. АСЕАН и Кина преку преговори стигнаа до нацрт текст на кодексот, кој ќе биде основа за идните преговори за ЦОЦ, посочи Балакришнан.
Голем број земји ќленки на АСЕАН и Кина имаат спротиставени тврдења за островите во Јужно Кинеско Море, еден од најпрометните водени патишта во светот, а расправата за договор трае со години.