Дваесет и шест луѓе загинаа, а 35 се повредени при воздушни напади извршени од коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, врз рибарско пристаниште и пазар во јеменскиот град Ходеида, соопштија здравствените власти.

Засега нема никаков коментар од коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која заедно со нејзините муслимански сунитски сојузници три години се борат во Јемен со шиитските бунтовници Хути, кои се поддржани од Иран, и кои контролираат голем дел од северните делови на Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2018 21:49