Русија дозволи илјадници нови севернокорејски работници да влезат во земјата и да добијат нови работни дозволи, што е потенцијално кршење на санкциите на Обединети нации, објави „Волстрит џурнал“.

Весникот повикувајќи се на податоци на руското Министерство за внатрешни работи наведува дека повеќе од 10.000 севернокорејски работници се регистрирани во Русија од септември минатата година. Додека од почетокот на годината издадени се 700 нови дозволи.

- Со тоа Русија потенцијално ги крши санкциите на ОН воведени со цел да се намали приливот на пари во Северна Кореја и да се изврши притисок врз Пјонгјанг за да се откаже од нуклеарното оружје. Претсатвници на ОН истражуваат дали има кршење на санкциите, посочува „Вол стрит журнал“.

Стејт департментот соопшти дека е утврдено оти севернокорејските работници од Русија во Северна Кореја испраќаат од 150 до 300 милиони долари годишно.

- Време е Русија да преземе нешто: Москва веднаш би требало и во целост да ги спроведе сите санкции на ОН, се посочува во соопштението на Стејт департментот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2018 11:44