Два смртни случаи се регистрирани неделава поради високите температури што ја зафатија Шпанија.

Првата жртва од топлотниот бран е работник од Нигерија, кој починал во вторникот додека работел на изрградба на пат во близина на градот Мурсија, додека втората жртва е 78-годишен пензионер, на кого му се слошило додека работел во градината. Тој почина во болница. Се претпоставува дека двајцата починале од топлотен удар.

Според метеоролозите денеска ќе биде најтоплиот ден оваа лето во Шпанија со температура од 40 степени во Мадрид, 42 во Севиља и Андалузија, 43 во Ксерес и 44 степени во Бадахос и Естремадура.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2018 12:16