Метеоролошката служба на Португалија денеска соопшти дека на осум мерни места во земјата измерила рекорно високи темепратури на воздухот.

Највисоката темпертура од 45,2 степени Целзиусови е измерена во близина на градот Абрантеш, североисточно од Лисабон.

За денеска португалските метеоролози предвидуваат темпертури до 45 степени Целзиусови, а за утре најавуваат уште потопло време и температури и до 47 степени.

Највисоката температура во Португалија досега, е измерена во текот на летото 2003 година и изнесувала 47,4 степени Целзиусови.

Поради исклучително топлото време, во Португалија за прогласен црвен метеоаларм, а спасувачките служби, медицинскиот персонал и противпожарните бригади се ставени во состојба на зголемена готовност.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2018 13:59