Најмалку 25 лица загинаа, 23 други се ранети денеска при двоен самоубиствен напад во шиитска џамија во градот Гардез во источен Авганистан, извршен за време на пладневната петочна молитва, соопшти портпаролот на гувернерот на провинцијата Пактија, Абдула Хасрат.

Началникот на полицијата во Пактија, генерал Раз Мохамед Мандозај инфромира дека двјацата бомбаши самоубијци ги активирале експлозивните направи во шиитската џамија во моментот кога почнала молитва.

Раководител на здравствената служба во провинцијата Пактија, д-р Вилајат Хан Ахмадзаи соопшти дека во градската болница во Гардез биле примени „над 70 ранети и убиени верници“, додавајќи дека бројот на жртвите може да порасне.

Во последниве две години припадниците на шиитското малцинство во Авганистан се честа цел на напади. Обично одговорноста за нападите ја презема сунитската џихадистичка група Ислмската држава или властите акциите и ги припишуваат на неа.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2018 14:55