Германски пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот што од синоќа беснее во националниот парк „Саксонска Швајцарија“.

Облаци од чад се издигаат над регионот, кој се наоѓа до реката Елба во источната германска покраина Саксонија, каде е и познатиот Бастеи мост.

Властите соопштија дека пожарот опфатил неколку тешко достапни места, а на пожарникарите во гаснењето им помагаат планински спасувачи и планинари.

Засега не е позната причината за избувнувањето на пожарот. Огнот зафати околу 4.000 метри квадратни метра, но нема опасност за блиското планинско село Ратен, а нема информации ни за жртви.

Во последните недели, Германија и другите делови на Европа, беа погодени од високи температури, а големи пожари избувнаа и во Грција и Шведска.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2018 16:05