Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2018 година, во споредба со претходниот месец е зголемен за 1,2 проценти, објави Државникот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна за 1,9 отсто и алкохолни пијалаци за 1,7 отсто, додека намалување е забележано во групите безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто и ноќевања за 0,2 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 2,8 проценти.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2018 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1,8 отсто, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 1,2 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2018 13:56