Македонија е на 27 место во светот според извозот на домати, а на 33-то според извозот на лубеници, објави специјализираниот меѓународен сајт за статистика www.worldstopexports.com.

Минатата година земјава извезла домати во вредност од 17,1 милион долари што е 0,2 од светскиот извоз, а извозот на лубеници достигнал 2,9 милиони или, исто така, 0,2 процента од светскиот извоз.

По увозот на домати Македонија е рангирана на 63-то место со увезени количини во вредност од 2,9 милиони долари што е 0,03 отсто од увозот во светски рамки.

Според „Worldstopexports“, светски лидери во извозот на домати се Холандија, Мексико, Шпанија, Мароко и Канада со реализирани од 416 милиони долари до две милијарди, а во извозот на лубеници со остварени од 81,6 милиони долари до 364,6 милиони се Шпанија, Мексико, САД, Холандија и Италија.

Најголеми увозници, пак, на домати се САД, Германија, Франција, Велика Британија и Русија со остварен увоз од 558,7 милиони долари до 2,3 милијарди.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2018 10:31