Три месеци по свадбата, актерот Ричард Гир (68) и неговата сопруга Алехандра Силва (35) го очекуваат своето прво заедничко дете.

Тие се заедно три години. Актерот веќе го има 18-годишен син Хомер, а бизнисменката Силва - шестгодишното момче Алберт.

Вестите, кои започнаа како гласини пред неколку недели, веќе се потврдени од извори блиски до телевизијата Еј-Би-Си.

Силва во понеделникот објави слика во Инстаграм, за да одбележи три месеци од свадбата со Гир, но не спомена ништо за очекуваното бебе.

- Денеска се навршуваат три месеци од еден многу посебен момент во нашиот живот, момент во кој се радувавме не само да ја споделиме среќата од нашата меѓусебна љубов со роднините и пријателите, а и затоа што имавме можност да ги изразиме нашите стремежи за иднината. Стремежите да го претвориме нашиот духовен пат во суштината на заедничкиот живот. Да си помагаме на патот кон просветлување, сочувството, великодушноста, трпението, напорите, концентрацијата и мудроста кон другиот, напиша Алехандра.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2018 18:49