Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од годинава е намалено за 0,1 отсто во споредба со истиот период лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни и листопадни видови, просторното дрво од иглолисни и листопадни видови и кај огревното дрво од иглолисни видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од листопадни видови, огревното дрво од листопадни видови и кај другото грубо обработено дрво, цепаници, дрвени мотки и колци.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2018 12:53