Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во јуни годинава останаа непроменети на месечно ниво, а се повисоки за 1,0 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со мај 2018, продажните цени на производителите на индустриски производи во јуни, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,9 отсто, а пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,1 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,8 отсто.

Во споредба, пак, со јуни 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,8 отсто и во секторот Преработувачка индустрија за 1,0 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 3,1 отсто.

За разлика од нив продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари во јуни годинава се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво и за 2,1 отсто на годишно ниво.

Во споредба со мај 2018, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,3 отсто, додека во секторот Преработувачка индустрија цените останаа на исто ниво.

Во споредба, пак, со јуни 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 12,2 отсто и во секторот Преработувачка индустрија за 1,1 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2018 13:01