Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ останува во Ајнтрахт Франкфурт, откако со клубот потпиша нов четиригодишен договор.

Ребиќ е еден од клучните играчи на Ајнтрахт во изминатите две сезони, а летово се појавија гласини дека доскорешниот тренер и сонародник Нико Ковач планира да го поведе со себе во Баерн Минхен.

- Ајнтрахт успеа да го задржи и покрај интересот на силните клубови, истакна спортскиот директор на клубот, Фреди Бобич.

Хрватскиот фудбалер во дресот на Ајнтрах досега постигна осум голови.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2018 20:56