Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ забележа пораст на нето добивката за 6,8 отсто во вториот квартал поради рекордна продажба.

Меѓутоа, компанијата предупредува на „раст на протекционизмот“, како сериозна закана за глобалната автомобилска индустрија.

Профитот на „Фолксваген“, со седиште во Волфсбург, е зголемен на 3,31 милијарди евра, од 3,10 милијарди евра во истиот период минатата година, без разлика на трошокот од 1,6 милијарди евра поради скандалот „дизелгејт“.

Приходите се зголемиле за 3,4 проценти на 61,14 милијарди евра, додека оперативната профитна маржа се зголеми на 9,1 отсто од претходните 7,7 проценти.

Извршниот директор на „Фолксваген“, Херберт Дис, сепак, порачува дека компанијата „не може да спие на ловорики“ поради претстојните предизвици, како што се новите, построги прописи за емисии на штетни гасови.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2018 14:15