Само 43 отсто од Израелците и Палестинците ја поддржуваат визијата за мир, според која, покрај Израел, ќе се создаде и палестинска држава, покажа заедничката анкета на Универзитетот во Тел Авив и Палестинскиот центар за политика и истражување.

Во анкетата објавена денеска, се вели дека причините за тоа се сомневањето во можноста за спроведување на решението на двете држави и недостатокот на доверба во другата страна.

Поддршката на концептот почна да опаѓа пред десет години.

Анкетата беше спроведена во јуни и јули на примерок од 2.150 Палестинци и 1.600 Израелци.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2018 14:41