Романското воено обвинителство денеска соопшти дека започнало истрага во врска со насилството врз демонстрантите, кои учествуваа во протестниот марш во петокот во Букурешт со барање за оставка на владата, за време на кој беа повредени над 450 лица.

Досега добивме околу триесетина жалби и моите колеги ги испрашуваат повредените, изјави обвинителот Јонел Чорбу.

Обвинителството, кое веќе побара од жандармеријата да и предаде документи за нејзината интервенција за време на демонстрациите, вети дека ќе ги сослуша „сите, кои е можно да дејствувале спротивно на законот".

Обвинителите, исто така, ќе ги анализираат видео снимките направени од страна на полицијата, медиумите и демонстрантите.

Речиси 80.000 Романци излегоа на улиците во Букурешт во петокот за да побараат оставка од владата, обвинета за „корупција".



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2018 15:43