Франција објави дека следната година ќе воведе казнени мерки кои ќе ги зголемат цените во малопродажба ако се пакуваат производи во нерециклирана пластична амбалажа, соопшти Министерството за заштита на животната средина.

„Тие мерки се дел од пакетот што владата има намера да го активира, вклучувајќи го и воведувањето систем на надомест за пластични шишиња“, изјави државниот секретар за еколошка транзиција Брун Поирсон за Журнал диманш.

„Не е доволно само да објавиме војна на пластиката. Мора да ја трансформираме француската економија“, изјави таа.

Според новите планови, производите во рециклирана пластична амбалажа би можеле да бидат поевтини и до 10 отсто, а оние што се во нерециклирана пластика и 10 отсто поскапи.

Франција во моментов рециклира околу 25 проценти од пластиката.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2018 18:06