Премиерот на Израел. Бенјамин Нетанјаху во текот на мај тајно престојувал во Египет, каде се сретнал со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, тврди изрелскиот весник „Хаарец“, повикувајќи се на американски официјални извори.

Според весникот, Нетанјаху со група советници на 22 мај отпатувал во Египет, каде престојувал неколку часа, по што уште истата вечер се вратил во Израел.

Средбата била тајна до тој степен, што за неа на биле информирани дури ни сите министри од дипломатско-безбедносниот Кабинет на Израел, наведува „Хаарец“.

Според американските извори, на средбата Нетанјаху и Ал Сиси разговарале за состојбата во Појасот Газа, за олеснување на израелско-египетската блокадата кон оваа палестинска енклава, за обнова на нејзината инфраструктура, како и за постигнување примирје меѓу Израел и радикалното движење Хамас.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2018 09:45