При напад на талибанците врз воена база во северниот дел на Авганистан убиени се најмалку 10 војници, а повредени се 15.
Во борбите во последните два дена заробени се 15 авганистански војници.
Талибанците во неделата нападнаа воена база во провинцијата Фарјаб при што одзедоа тенкови и муниција.
- Не можеме да влеземе во базата. Поголем дел од базата и понатаму е под контрола на талибанците, изјави локалниот претставник Мохамад Тахир Рахмани.
Во судирите убиени се 30 талибанци.