Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на Атлантски Океан, соопшти Американскиот геофизички институт.

Земјотресот бил на длабочина од 35 километри под океанското дно, со епицентар на 126 километри североисточно од островот Бристол, кој е во состав на Јужните Сендвички Острови, бритаска прекуморска територија без постојано население.

Не е објавено предупредување за појава на цунами.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2018 09:58