Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска најави дека Турција ќе ги бојкотира електронските уреди произведени во САД, како реакција на влошените односи меѓу Анкара и Вашингтон.
- САД економски не напаѓаат не само нас, туку и Кина, Русија, Иран и Европа. Ја нападнаа дури и Канада. Но, против нас е преземена операција. Ќе ја бојкотираме американската електроника. Тие го имаат „Ајфон“, но постои и „Самсунг“, нагласи Ердоган.
Во исто време и турскиот национален авиопревозник „Туркиш Ерлајнс“ започна кампања за бојкот на американски реклами и фирми.
Портапролот на „Туркиш Ерлајнс“, Јахја Устун на Твитер објави хаштаг #ABDyeReklamVerme (НеГиРекламирајтеСАД), апелирајќи и до останатите турски комапнии да се приклучат кон бојкотот.
- „Туркиш Ерлајнс“ ги поддржува нашиот народ и држава, Таква наредба им е дадена на нашите рекламни агенции, додаде Устун најавувајќи го бојкотот.
Повик за бојкотот на американски производи вчера упати и најголемата турска телекоминикациска компанија „Турк Телеком“.
Односите меѓу Анката и Вашингтон се влошија откако САД двојно ги зголемија царините за увоз на челик и алуминиум од Турција и воведоа санкции кон двајца турски министри, како реакција на приведувањето на американскиот пастор Ендрју Бронсон од страна на турските власти.