Поранешниот голгетер на Барселона и Интер, Самуел Ето, кариерата ќе ја продолжи во Катар, соопшти денеска истоимениот фудбалскиот клуб од Доха.

37-годишниот Камерунец потпиша договорот на четири години, а покрај фудбалот ќе биде амбасадорот на Мундијал, кој ќе се одржи во таа земја во 2022 година.

Во Лигата на Катар, Ето им се приклучи на поранешните соиграчи Чави Ернандез со кого ја освои Лигата на шампионите во дресот на Барселона и Весли Снајдер, со кој го подигна трофеј од ЛШ како играч на Интер.

Минатата сезона Ето играше во Конјаспор, а пред тоа исто така настапуваше во Турција за Анталијаспор.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2018 13:44