Во близина на Џенова, град во северна Италија, денеска се урна надвозник, кој е дел од автопатот, а официјалните лица тврдат дека има загинати и можна е трагедија од огромни размери.

Министерот за сообраќај Данило Тонинели предупреди дека тоа е најверојатно „огромна трагедија“.

Шефот на локалната здравствена установа рече дека има „над десетина мртви“.

Локалната пожарникарска служба соопшти дека надвозникот се урнал по бура околу 11.30 часот и веројатно бројот на жртви ќе биде висок.

Во момент на уривањето на надвозникот на него имало најмалку десет возила.

Италијански медиуми јавуваат дека официјални лица се сомневаат дека недоволната стабилност на конструкцијата е причина за уривањето.

Надвозникот бил изграден во 60-те години од минатиот век, а реконструиран во 2016 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2018 14:31