Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на својот Твитер профил напиша дека кон терористите треба да се однесува „решително и силно".

- Уште еден терористички напад во Лондон ... Тие животни се луди и кон нив мора да се однесуваме решително и силно, напиша Трамп.

Маж, кој удри со автоимобил во безбедносната огтрада на британскиот Парламент, беше уапсен како осомничен за тероризам, а инцидентот, во кој две лица беа повредени, се смета за терористички чин, сопшти британската полиција.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2018 15:27