Бројот на жртви при уривањето на надвозник во близина на Џенова се зголеми на 30, јавија италијански медиуми цитирајќи го заменикот италијански премиер Матео Салвини.
– Најмалку 30 луѓе загинаа и голем број се сериозно повредени, изјави Салвини.
Џовани Тоти гувернер на северозападниот регион Лигурија, изјави денеска дека загинале 22 лица, но и дека се очекува таа цифра да биде поголема.