Рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност да се сретне со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, објавија денеска севернокорејските медиуми.

Според истите извори, Путин ваквата подготвеност ја изразил во телеграма упатена до Ким по повод 15 август - Денот на ослободувањето на двете Кореи во Втората светска војна.

- Подготвен сум да се сретнам со Вас во најскоро време за да разгледаме актуелни прашања од билатералните односи и важни регионални теми, се вели во телеграмата на Путин.

Рускиот претседател оценува дека односите меѓу Русија и Северна Кореја имаат „пријателски и конструктивен карактер“ и изразува увереност дека Москва и Пјонгајнг можат да „развијат соработка во взаемен интерес, вклучително и реализација на тристрани програми со учество на Русија, Народна Демократска Република Кореја и Република Кореја“.

Путин уште претходно упати покана до Ким да ја посети Русија, а извори во Кремљ информираат дека севернокорејскиот лидер би можел да присуствува на Самитот на Источниот економски форум во Владивосток во септември или да има посебна посета на Москва.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2018 09:21