Земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала ноќеска околу полноќ е регистриран во реонот на централниот дел на јадранското крајбрежје на Италија.

Како што соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија, земјотресот се случил во 23.48 часот на длабочина од 19 километри под површината на земјата, со епицентар во близина на градот Монтечилфоне.

Во истиот реон во областа Кампобасо во април годинава беше регистиран земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтер.

Досега нема информации за жртви, а според градоначалникот на Монтечилфоне, Франко Палоти, во градот се регистирани помали оштетувања, пред се пукнатини на ѕидовите. По земјотресот речиси половина од Монтечилфоне останал без струја.

Голем дел од територијата на Италија се наоѓа меѓу евроазиската и африканската тектонска плоча, поради што таа спаѓа во зони на зголемен ризик од земјотреси. Во земјата годишно се регистираат илјадници земјотреси, од кои најголемиот дел се со слаб интензитет и граѓаните не ги чувствуваат.

Лани во август при земјотрес со инетензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала на италијанскиот осторв Искија, крај Неапол, загинаа две лица, а 42 беа повредени и беа оштетени поголем број објекти.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2018 09:50