За 4,4 отсто се намалени откупот и продажбата на земјоделските производи во второто тримесечје од годинава за разлика од истиот период лани.

Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 14 проценти, а кај продажбата од сопствено производство намалување за 16,5 отсто.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај индустриските растенија, овошјето, добитокот, живината и јајцата и млекото, а намалување кај житата, градинарските растенија, фуражните растенија, алкохолните пијалаци, млечните производи и рибата.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува намалување во април и мај, додека во јуни е забележано зголемување на вредноста.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2018 13:58