Германската економија, која е најголема во Европа, зајакна за 0,5 отсто во вториот квартал, покажуваат податоците на Сојузната канцеларија за статистика.

Тоа е благ пораст во однос на претходното тромесечје, кога е забележан раст од 0,4 проценти. На зголемувањето влијаела потрошувачката во приватниот и државниот сектор и вложувањата во опрема и изградба.

Германската економија останува силна и покрај загриженоста од тензиите во глобалната трговија.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2018 14:27