Италијанскиот моден бренд „Гучи“ продолжува да го освојува светот со своите нови дизајни, благодарение меѓу другото и на креативниот директор Алесандро Микеле, кој создаде часовник за две временски зони.

Првиот часовник од серијата „Гучи ГМТ Аутоматикс“, „Џи-Тајмлес ГМТ“ има челично куќиште со пречник од 40 милиметри и едноставен минималистички изглед.

Полиран е со мат црн ПВД и содржи апликации во форма на ѕвезди и срциња.

Следен е „Ерикс ГМТ часовникот“, со гиљош бројчаник со карактеристични геометриски и змијулести додатоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2018 15:26