Суд во Австрија пресуди дека и криминалците ќе мора да плаќаат данок, а износот треба се одредува врз основа на сумата на парите стекнати со кривичното дело.

Судот во австрискиот град Корнојбург пресуди дека еден бизнисмен, кој веќе бил осуден за измама, треба да плати и 50.000 евра данок на парите што ги стекнал нелегално.

Според Судот, Австријците се должни да плаќаат данок, без разлика дали средствата ги стекнале легално или нелегално, па правењето разлика би довело до нерамноправен третман на граѓаните.

Ваквата пресуда би значела дека еден подведувач кој присилувал жени на проституција, би можел да се соочи со судски процес за затајување данок од заработените пари.

Исто така и извршител на нарачано убиство, би бил должен да плати данок, бидејќи фактички склучил деловен договор.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2018 15:39