Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган и германската канцеларка Ангела Меркел денеска разговараа телефонски за билатералните односи и ситуацијата во Сирија, изјави неименуван извор близок до кабинетот на турскиот претседател.

Ердоган и Меркел изразиле одлучност во јакнење на билатералните односи, а разговарале и за планираната средба во Берлин на крајот на септември, наведе неименуван извор.

Германската канцеларка му рекла на турскиот претседател дека турската економија е важна за Германија, додал изворот близок до кабинетот на претседателот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2018 16:49