Човечка грешка ја предизвикала фатална трагедија во Џенова кога дошло до уривање на надвозник,изјави шефот на канцеларијата на јавното обвинителство во Џенова, Франческо Кози.
Тој нагласи дека по завршувањето на спасувачката операција, ќе се анализираат „сите аспекти поврзани со развојот, инженерингот и одржувањето на надвозникот".
Според претходните извештаи, надвозникот што се урна близу Џенова, кога 39 лица загинаа, бил привремено затворен пред две години, бидејќи неговата состојба барала „големо одржување".
Шефот на обвинителството изјави дека е подготвен да го отвори случајот „поради несовесно насилно убиство и катастрофа".