Расте бројот на банкротирани фирми во земјава, регистрира Народната банка во извештајот за финансиска стабилност. Во 2017 година стапката на банкротирани фирми пораснала за 3,2 отсто, додека претходната година или во 2016 таа изнесувала 2,1 отсто. Растот се должи на тоа што повеќе фирми во таа година отишле во стечај.

– Постоечките економски субјекти забележаа малку поголема стапка на излез од пазарот, претставена преку зголемувањето на бројот на правни лица над кои е отворена стечајна постапка. Оттука, во 2017 година дојде до раст на стапката на банкротирани правни лица90 (англ. bankruptcy rate) од 2,1% на 3,2%, стои во извештајот на НБРМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2018 19:30